Plockmatic BM 2000

product-img

Plockmatic BM 2000

Основни карактеристики:
Број на фиоки: 8 / 16 / 24

Plockmatic BM 2000 Binder е потполно ново дизајниран booklet-maker наменет за продукцискиот дел од пазарот. Можноста за работа со различни формати и типови на хартија и големата брзина се основните карактеристики на овој модел. Брзината не зависи од големината на хартијата и не се намалува при работа со големи формати. Кога е потребно, можно е рачно внесување на листови во просторот на горната страна на уредот, без одвојување на сортирката. При изработката на уредот BM 2000 посветено е посебно внимание на обработката на печатењето од дигиталните уреди, со што се избегнува размачкување и оштетување на површината на хартијата. Новите двостепени валјаци со виткање овозможуваат јасен и чист премин без оштетувања. Работата ја забрзуваат и олеснуваат 10 мемориски места за зачувување на подесувањата на редовната работа. На уредот се наоѓа вграден интерфејс со чија помош операторот може да управува и подесува додатни модули, FTR 2000 Trimmer и SQF 2000 Squarefolder.

Модел Plockmatic BM 2000 Binder
Капацитет 25 листови (80 gsm)
Брзина до 3.000 сетови/h
Формат на хартија min: 120x210 mm max: 325x470 mm
Тежина на хартија 60 - 300 gsm
Глави за хефтање Хефтање по средина, по раб, во агол,
Модови за хефтање Хефтање по средина, по раб, во агол,
Останато 10 мемории, interface 2 x 5000 хефталки

За професионален изглед, брошурата која се состои од поголем број на листови, задолжителен е нож за засекување на предниот дел. Trimmer FTR 2000 е опремен со голема фиока за исечените остатоци и вентилатор, со кој се спречува враќање на исечените делови и евентуален застој и пречки во работата. Со додавање на модулот SQF 2000 ‘рбетот на брошурата добива правоаголен рамен облик и попрофесионален изглед. Таквиот ‘рбетот доаѓа до израз кај дебелите корици и кај брошури каде текстот се наоѓа на ‘рбетот.